Политика за приватност
Оваа политика објаснува како АПТЕКА Квантум Сатис ги обработува личните податоци при користење на веб страницата, при комуникација со аптеката и при креирање на нарачка.
Контролор на лични податоци
Контролор на личните податоци е АПТЕКА Квантум Сатис, со адреса Гоце Делчев бр. 17, влез 2, Кавадарци.
За прашања поврзани со лични податоци може да не контактирате на quantumsatis123@gmail.com или 075-324-161.
Кои податоци ги обработуваме
При нарачка може да обработуваме име и презиме, телефон, адреса, град, поштенски код, email ако е внесен, содржина на нарачката, напомена од купувачот и статус на нарачката.
Кога нарачката содржи производ што бара рецепт, може да обработуваме и прикачена слика или PDF од рецептата, исклучиво за проверка на нарачката од страна на аптеката.
При контакт преку телефон, Viber, email или социјални мрежи се обработуваат податоците што доброволно ги споделувате за да добиете одговор или услуга.
Цел на обработка
Податоците се користат за прием, проверка, потврда, подготовка и испорака на нарачки, комуникација со купувачот, проверка на достапност и исполнување на законски обврски.
Податоците не се користат за маркетинг пораки без посебна согласност.
Споделување со трети лица
Податоците потребни за испорака може да се споделат со пошта или карго служба само во обем потребен за достава.
Техничките сервиси што ја овозможуваат веб страницата, базата на податоци, cloud storage и email известувањата може да обработуваат податоци како обработувачи според нивните безбедносни политики.
Чување на податоците
Податоците за нарачки се чуваат онолку колку што е потребно за обработка на нарачката, корисничка поддршка, сметководствени и законски обврски.
Рецептите и чувствителните документи се чуваат само колку што е потребно за проверка и обработка на нарачката, по што може да се избришат или архивираат согласно интерните правила и законските обврски.
Права на корисниците
Имате право да побарате информација, пристап, исправка, бришење или ограничување на обработката на вашите лични податоци, согласно важечките прописи за заштита на лични податоци.
Доколку сметате дека вашите лични податоци не се обработуваат правилно, може да се обратите до аптеката или до надлежниот орган за заштита на лични податоци.
Безбедност
Пристапот до административниот дел и податоците за нарачки е ограничен на овластени лица.
Рецептите се чуваат во приватен storage и не се јавно достапни преку директен линк.
