
4U Бејбитол Д3 + К1, 30 капсули
4U Babytol D3 + K1 (30 капсули) е додаток во исхраната специјално наменет за новороденчиња од првиот ден по раѓањето па сè до крајот на третиот месец. Оваа проверена комбинација на витамини е клучна за здрави коски и правилна коагулација на крвта кај бебето.
Зошто е важна комбинацијата на Витамин Д3 и К1? Новороденчињата се раѓаат со многу ниски залихи на овие два витамини, а мајчиното млеко не содржи доволни количини за да ги задоволи нивните потреби.
Витамин К1 (Фитонадион): Има клучна улога во процесот на згрутчување на крвта. Се применува како превенција од сериозно, иако ретко нарушување – Хеморагична болест кај новороденчињата (крварење поради дефицит на витамин К).
Витамин Д3 (Холекалциферол): Неопходен е за правилна апсорпција на калциум и фосфор од храната. Овозможува здрав развој на коските и забите и служи како ефикасна превенција од рахитис.




