
Dr. Mitov гинко женшен капсули 60
Aзискиот женшен и гинкото имаат сличен ефект, па така и двете билки се сметаат како особено корисни за подобрување на:
Циркулацијата Когнитивното здравје Хроничниот замор Меморијата и концентрацијата Преку подобрување на периферната циркулација, го одржуваат здравјето на видот и слухот
Д-р Митов гинко женшен, 60 капсули е додаток во исхрана со гинко и женшен. Позитивните дејства на гинкото се смета дека се должат на неговиот богат и потентен анти-оксидативен и анти-инфламаторен состав. Оваа билка исто така ја подобрува циркулацијата и е корисна за функцијата на одредени невротрансмитери. Суплементацијата со екстракт од Гинко води до подобрување на циркулацијата во мозокот.
Женшенот е уште една билка која се користи одамна за својот познат ефект во подобрување на циркулацијата. Активните компоненти, познати како женшеноиди, преку бројни студии е докажано дека ја подобруваат периферната циркулација.




